168
Министерот за здравство Венко Филипче во видеообраќање по повод две години откако е на функцијата, соопшти дека она што било зацртано на почетокот на мандатот во голема мера е реализирано.
-Направивме обнови и реконструкции на повеќе од 10 јавно здравствени установи во целата земја и набавивме најсовремени медицински апарати за точна и прецизна дијагностика. Во следниот период планирано е подобрување на условите и во други 34 јавни здравствени установи во државата. Продолжуваме да работиме посветено. Создаваме подобри услови за лекување и престој на пациентите и подобри услови за работа за здравствените работници, вели Филипче.