Филипче: Опозицијата има желба за политички бенефит, а цената тогаш ќе ја платат граѓаните и нивното здравје

Министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево од ресорното министерство излезе со став и ги осуди обидите на опозицијата да и фрлат дамка, како што вели, на оваа сериозна состојба со Ковид 19.

Тој на прес конференцијата ги отфрли сите обвинувања, и образложи како течела целата постапка, по што заклучи дека тука апсолутно не се работи за нешто што е нерегуларно и надвор од законот.

„Владата и МЗ од почетокот на набавката комуницира со многу компании и производители. Притоа имаме два принципи, регуларност и внимателност. Оттаму, апсолутно ги отфрлам сите обвинувања дека станува збор за нерегуларни процедури и провизии. Документите кои ги објави „Ла верита“ се тие кои ги испраќаме на многу прозиводители. По неуспешноста да стапиме во директен контакт со компанијата „Синофарм“, нам ни дадоа насоки каде да се обратиме што и вроди со плод. Ние потпишавме договор и стапивме со нашата амбасада во Кина, која го извести тамошното МНР и ни укажаа дека тоа е не патот кој треба да го следиме, туку оној првиот преку кој се обидовме. Не станува збор за ништо што не обвинува овие денови опозицијата. Дозволете, да ги осудам сите обиди да се фрли дамка во оваа исклучително тешка состојба. Оттаму мислам дека некој со ова политички сака да оствари бенефит, во кој цената ќе ја платат граѓаните и нивното здравје“, истакна Филипче.

Слични содржини