СДСМ е одговорна партија, доследна на своите ветувања. Го вративме достоинството на здравствените работници. Континуирано ја зголемувавме основната плата на лекарите специјалисти за 40 отсто, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти. Општите лекари, денеска имаат плата зголемена за 25 отсто, а здравствемите работници за 15 отсто, изјави министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче од населба Лисиче во општина Аеродром, на средба со граѓаните.
Според него, вакцинацијата е клучен фактор и најсилно оружје во борбата со коронавирусот и најсигурен начин за стекнување колективен имунитет.
– Податоците покажуваат дека на удар се невакцинираните, затоа апелирам на одговорност, висока свест и совесност. Здравјето е наш приоритет, рече Филипче и додаде:
-Во изминатите 4 години СДСМ реализираше видливо и реално и разликата од конкурентите е јасна. Продолжуваме континуирано да создаваме, да инвестираме, да градиме перспективна иднина. СДСМ, во Аеродром го нуди најдоброто и сигурно победува со Александар Филиповски.