Филипче: Пациентите со спинална мускулна астрофија го добија лекот „Рисдиплам“

од Берта Китинска
211 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека пациенти со спинална мускулна астрофија за првпат го добија лекот рисдиплам

-Возрасните пациенти со спинална мускулна астрофија за првпат го добија лекот рисдиплам. Тие досега немаа лек и оваа терапија пациентите ќе ја примаат во домашни услови. Вчера, во селекцијата и ординирањето на лекот учествуваа д-р Иван Барбов и медицинска сестра Јасмина Коруновска од Клиниката за неврологија. На денешен ден, минатата година за првпат беше даден и лекот Спинраза кај пациентите до 18 години со СМА тип 1 и 2. Прв го прими лекот нашиот јунак Јане Велковски. Продолжуваме со подобрување на квалитетот на живот кај пациентите со ретки болести, вели Филипче.

Слични содржини