Филипче: Пациентката на која и беше извршена трансплантација на срце е во стабилна состојба

од Берта Китинска

Пациентката е во  стабилна состојба вчера имаше мали крварења, се најдоа техничките извори  кои подоцна се решија, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче во врска со состојбата на пациентката на која вчера и беше извршена трансплантација на срце од починат донор.

-Денеска е дефинитивно стабилна и ги нема тие знаци од вчера и јас мислам нема да се случи некоја друга хируршка компликација. Секој час и секоја минута е битна се пратат параметрите во моментов се уште е рано да се утврди, но добри си знаците, вели Филипче.

Слични содржини