Филипче по изборот за шеф на СДСМ: „Нема да делам, туку ќе обединувам“

од Vladimir Zorba
152 прегледи

„Нема време за славење. Следува период на реорганизација и реформа, согласно моите програмски ветувања, со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува“, порача Венко Филипче вечерва од Бихаќка во првото обраќање како претседател на СДСМ..

Според него, ова нема да биде ниту брзо, ниту лесно, но нема друг начин да се врати довербата кај членовите, освен да се направат вистински и темелни промени.

„Промените не можеме ниту да ги лажираме, ниту да бидат половични. Нема да делам, туку ќе обединувам. Силно ќе се спротивставам на оние кои ќе се обидат да ја ослабнат партијата за личен интерес“, додаде Филипче.

Слични содржини