„Кризата докажа дека сме инвестирале таму каде што било најпотребно – во луѓето, во опрема и во болници“, сподели министерот за здравство Венко Филипче.
„Како никогаш досега ги зголемивме платите во јавното здравство. Ги подобривме условите во повеќе од 40 јавно-здравствени установи. Инвестиравме во знаењето. И благодарение на ова, пред два месеци во екот на кризата, за првпат направивме трансплантација на срце.
Покажавме дека здравствените работници се столбот на здравствениот систем, ама во оваа криза и на нашето општество. Покажавме како се работи чесно, пожртвувано и како се чува државата.
Верувам дека можеме уште повеќе и уште подобро. На 15-ти јули да гласаме за поцврст здравствен систем и мотивирани здравствени работници. Знам дека сме победници!“, додава министерот.