237
Сите предлози стигнуваат од Министерството за здравство како форма на препорака од Комисијата за заразни болести кои што целиот овој период што измина ги темели сите свои предлози, сугестии и препораки врз база на анализите кои се прават на бројот на новодијагностицирани пациенти, изјави министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Топ тема“.
-Не станува збор за зголемување или намалување на часовите, туку предлагаме пакет на мерки. Постарите се одвоени од помладите и тоа е една мерка. Скратување на полицискиот час оди заедно со мерката за носење на маска, односно заштитна покривка на устата и носот, изајви Филипче.