Филипче разговарал со Кос: Има дел од задачата што треба дома да ја сработиме

од Nikola Popovski
121 прегледи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче информира дека имал конструктивна средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Според него, СДСМ е целосно посветен на евроинтегративниот процес. Жали што, како што вели, изминатата година има стагнација на тој пат и отсуствува стратегија и политички дијалог.

Филипче побарал поддршка од Кос и од сите европски институции за откочување на европскиот пат на Македонија.

Запрашан што му порачала еврокомесарката, лидерот на СДСМ вели дека била „многу искрена“ и кажала дека „дава се од себе и ги користи своите капацитети и механизми за да продолжи евроинтегративниот пат, но дека има еден дел од задачата што треба ние тука дома да ја сработиме“.

-Овој процес исто како и во другите земји кои што станаа членки на Унијата како Хрватска и Словенија, најмногу зависи од внатрешниот консензус бидејќи е прашање за кое целото општество да се обедини, кажа Филипче пред новинарите.

Слични содржини