Филипче: Разговараме со ФЗО за здравствените работници да добијат поголеми плати

од Aleksandar Todeski
263 прегледи

Владата предводена од СДСМ е првата која одвори средства во 2018 година приватните специјализанти да бидат платени за својот труд, рече претседателот на Комисија за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче.

„Имавме бројни состаноци со претставници на двата синдикати во здравството. Се направи една балансирана прераспределба на процентите на зголемување на основната плата. Ветувањето од 100 илјади денари во терциерното здравство согласно нашата програма ќе се оствари следната година. Ние ќе продолжиме со планот за одвојување средства и понатаму за да инвестираме и во докторите и во медицинските сестри заради тоа што тие се носителите на здравството. Во текот на изминатата недела имав состанок со кофинансираните специјализанти“, истакна Филипче.

Тој истакна дека кофинансираните специјализанти се една посебна група која што има направено посебни договори заради тоа што преку специјализацијата тие имаат направено и договор на определено работно време.

„Согласно Законот, кога ја завршуваат специјализацијата, нивниот работен однос се трансформира во работен однос на неопределено работно време. Тоа што кофинансираните специјализанти на средбата од минатата недела побараа да се направи трансформација уште за време на специјализацијата за што во овој момент не постои законска можност а се со цел да го добијат зголемувањето на средствата кое сега го добиваат здравствените работници. Барањето е легитимно“, истакна Филипче.

Тој кажа дека закажале средба со Фондот за здравствно осигурување за да добијат зголемување на средствата кои ги добиваат здравствените работници.

Ние договоривме дека ќе направиме неколку работни средби во рамки на Министерството со правната служба во рамки на нашата соработка со Фондот за здравствено осигурување и веројатно со пратениците со цел да се види каква е можноста тој Закон во тој дел да се промени. Закажавме уште една средба за тогаш кога ќе ги имаме информациите во текот на следната недела за да видиме што и како мопжеме да направиме во однос на динамиката за тоа што следува во Собранието“, истакна министерот за здравство.

Вели, за протестот на кофинансираните специјализанти дознал во текот на вчерашниот ден.

„За протестот дознав во текот на вчерашниот ден, секое барање е легитимно, секоја одлука е легитимна затоа сакам да потенцирам дека имавме работна средба и преземавме обврка да ги расчистиме тие работи и закажавме нова средба за да видиме што може да се направи затоа што станува збор за потреба од измена на Закон за здравствена заштита“, рече Венко Филипче.

Слични содржини