164
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција кажа дека има сосема доволен број кревети низ болниците ширум државата и веќе од вчера не се чувствува тој притисок како што беше до вчерашниот односно завчерашниот ден.
-Веќе има слободни кревети на Интерните клиники, каде досега беше најголемиот притисок. Се уште има голем број хоспитализирани и за жал се уште има и голем број пациенти кои се во тешка клиничка форма на болеста за кои се преземаат сите мерки и на интензивно и друга форма на болничко лекување, посочи Филипче.