Филипче: САД донираше 400.000 долари за набавка на опрема за вакцинација

од Nikola Popovski
149 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево се сретнал со г-ѓа Моли Греј, заменик гувернерка на сојузната држава на САД, Вермонт, командантот на Националната гарда генерал-мајор Грегори Најт и амбасадроката на САД во нашата земја, н.е. Кејт Мери Брнз.

„На средбата говоревме за иницијатива за започнување соработка со „Вермонт“ Универзитетот во областа на медицината. Предложив програма за едукација на нашите студенти од последна година на Медицински факултет на реномираниот Универзитет „Вермонт“ од Соединетите Американски Држави. Во насока на едукацијата, студентите би можеле да следат настава, а воедно и стручни лица од Универзитетот да доаѓаат во нашата држава и да реализираат обука на наши лекари и медицински лица“, истакна министерот.

Филипче ја поздрави големата поддршка и заложба на САД што нашата земја ја добива од почетокот на ковид-пандемијата и, како што истакна министерот, без таа поддршка невозможно ќе беше да успееме да управуваме со здравстевната криза на начин на кој го сторивме тоа.

„Во рамки на бројните донации, како поддршка за справување со ковид-пандемијата, САД на нашата земја денеска ѝ донираа 400.000 долари за набавка на опрема за вакцинација и имунизација, за справување со кризата предизвикана од Ковид-19“, соопшти Филипче.

Слични содржини