„Колку побрзо и повеќе граѓани се вакцинираат, толку побрзо ќе ги прославуваме поводите за радост, родендените на саканите и свадбите на блиските“, вели министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање.
Според него, вацинацијата ни ја враќа слободата да ги прегрнеме нашите пријатели, роднини, баби и дедовци.
„Разговарајте со оние кои сеуште се двоумат дали да се вакцинираат и пренесете има ја пораката зошто е важно секој да се вакцинира. Бидете амбасадори на имунизацијата која значи враќање на безбедноста и слободата. Да си помогнеме себеси и на другите, да се вакцинираме и да се заштитиме“, категоричен е Филипче во обраќањето.
Тој ги повикува сите граѓани да бидат амбасадори на имунизацијата и во што поголем број да се пријавата на сајтот www.vakicnacija.mk и да ги поттикнат и убедат своите сограѓани да го направат истото.