219
Се намалуваат рестрикциите на движењето, но за да се заштитиме мора да останеме внимателни и да ги почитуваме сите мерки, пишува утрово министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Секој работен ден, од ПОНЕДЕЛНИК до ПЕТОК дозволено e движење на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. За лицата над 67 години дозволено е движење од 05:00 наутро до 12:00, а за младите лица до 18 години од 13:00 до 19:00 часот.
Се намалуваат и рестрикциите за движење за време на викендите. Дозволено е движење во САБОТА до 15:00. За лицата над 67 години дозволено е движење од 05:00 до 11:00, а за младите до 18 години од 12:00 до 15:00.