298
Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека утре е закажан состанок со директорите на клиниките, пополека да се стават во функција со ново работно време и нови правила при закажување на снимање и операции.
Во крајна фаза е новата реконструкција на улиците, се става асфалт на новите улица кај Хируршката и Стоматолошката клиника, така ќе се растерети гужвата и ќе се отворат два нови влеза, изјави Филипче.
Тој додаде дека утрово е разговарано со Комисијата за заразни болести за градинките кога да започнат со работа.
-Тоа е тежок предизвик бидејќи кај децата е потешко да се спроведат одредени правила. Станува збор за категории меѓу коишто е мошне деликатно одржувањето на меѓусебното растојание, рече Филипче.