Филипче: Се помалку млади лекари сакаат да ја напуштат државата

од Nikola Popovski
170 прегледи

„Ги зголемивме платите на лекарите специјалисти, сега тие се дуплирани, а некаде се зголемени и за повеќе од 100 отсто. Се помалку млади лекари сакаат да ја напуштат државата, затоа што претходно младите специјализанти не добиваа ниту денар, а сега добиваат 30.000 денари месечно а ќе добијат и надоместок за дежурство“, изјави потпретседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

Според него, во Гостивар се реновираше хируршкото одделение, се реновира операционите сали, се набави нов апарат за рентген, а за нецели два месеци за првпат во историјата, тамошната болница ќе добие апарат за магнетна резонанца.

Филипче истакна дека СДСМ и во иднина останува со граѓаните, го слуша нивниот глас за заеднички да ги креира решенијата и тоа повторно ќе донесе резултат и за општините и за државата.

Слични содржини