Филипче се сомнева дека се врши масовен надзор на граѓаните: „Кој и како располага со податоците од Безбеден град?“

-Технички министер за внатрешни работи од опозицијата е гарант дека овој систем нема да се злоупотреби на следење на движења на поединци од опозицијата, активности на опозициски кандидати и активности за време на кампањата, оценува Филипче

од Nikola Popovski
51 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Канал 5

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека не го проблематизира проектот „Безбеден град“ од аспект на беезбедноста, но, од аспект на тоа кој и како располага со податоците од системот, како движењата на луѓето и возилата.

-Тоа е тоа што јас го прашувам. Никако од аспект на безбедноста. Ве молам да не го спинувате тоа, рече Филипче на прес-конференција.

Лидерот на СДСМ денеска порача дека власта прави легализација на масовен надзор без соодветни мерки ПИ-мерки преку системот „Безбеден град“. Според него, кога за граѓаните се воведува дигитален надзор, контролата на овие системи е прашање за опстанок на демократијата.

-Технички министер за внатрешни работи од опозицијата е гарант дека овој систем нема да се злоупотреби на следење на движења на поединци од опозицијата, активности на опозициски кандидати и активности за време на кампањата. Со ниту еден закон, системот не е регулиран и ниту пак се знае како и на кој начин, можат тие податоци и во која цел да се користат, кажа Филипче.