Филипче: Сите препораки и пораки, се движат во правец да се спречат кластери за време на претстојните празници

237 прегледи

Во рамки на пресконференцијата насочена за донацијата од „Макстил“ за педијатриската болница во Скопје, министерот Венко Филипче уште еднаш ги прокоментира препораките и мерките донесени заклучно вчерашната седница на Владата.

„Донесовме соодветни мерки и протоколи. Генералните протоколи се секаде и во регионот имплементирани. Земајќи го предвид ризикот, затоа го забранивме организирањето настани на плоштадите“

„Не е ништо контрадикторно, се оди во ист правец, односно да се спречат сите собири по викендици внатре или надвор, односно да се спречи групирање на луѓето. Караџовски посочи дека треба да се остане во кругот на семејството, но главната порака е препораката да не се создадат кластери, односно да се стрпат луѓето од излегување“, истакна министерот Филипче во однос на новинарско прашање, каде беше побарано да одговори за контрадикторните пораки од него, Караџовски и Владата.

Имено, за потсетување, се работи за тоа што Караџовски посочи дека не е проблем да се патува и изнајмува викендица, потоа Филипче препорача тоа да не се прави, а доцна синоќа Владата пак, го забрани истото.

Слични содржини