166
Утре, со почеток на имунизацијата влегуваме во последната фаза од битката со пандемијата, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
-Измина речиси една година од првиот регистриран случај на коронавирусот кај нас. Година полна предизвици и неизвесност. Верувам дека годината што следи ќе биде година на надежта и секој ден ќе бидеме чекор поблиску до нормализација на животот. Апелирам сите да останеме одговорни како и досега, да не се опуштиме и да ги почиутваме мерките, напиша Филипче.