Филипче со совети за респираторна гимнастика во време на Ковид-19

од Берта Китинска
829 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави неколку совети за респираторна гимнастика во време на пандемија со КОВИД-19.

-Нарушувањето на функциите на дишењето при заболување на респираторниот систем кај пациенти со КОВИД-19 се поврзува со промени кои настануваат во механиката на дишењето кај пациентите. Со примена на вежбите за дишење би можело да се надминат респираторните проблеми кај повозрасната популација, но и да се заштитат пациентите од евентуални компликации на КОВИД-19.Прочитајте го прирачникот со корисни совети за респираторна гимнастика во време на пандемија со КОВИД-19 кој го изработи Институтот за физикална медицина и рехабилитација, напиша Филипче.

Слични содржини