Филипче: Сумамедот отсега ќе се издава само на бел рецепт

од Берта Китинска
298 прегледи

Со оглед на тоа што излегоа повеќе студии од веќе аплицирана терапија во светот, ние ја обезбедивме целата потребна терапија за навистина голема бројка пациенти со коронавирус во нашата земја, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Потребата од инсулин може да се  продолжи по телефон и директно од аптека  да го земеат и за сумамед е донесен одлука овој лек да се добоива само на бел рецепт бидејќие тој е на товар на фоднот, граѓаните да не прават пезпотребно залихи.

– Процедурата е таква што протоколот за лекување треба да се прифати на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести, што се направи изутрината и денеска и веќе утре треба да се заврши формално правната постапка со добивање дефинитивна дозвола за употреба на оваа комбинација на терапија од Агенцијата за лекови по што веднаш ќе биде аплицирана на сите пациенти каде тоа е индицирано. Станува збор за терапија за која ќе се прават клинички студии, но многу земји веќе ја ставија во протоколите со оглед на тоа што даде добри резултати во повеќе земји, рече Филипче.

Посочи дека на Клиниката за инфективни болести денеска се прават шест контролни тестирања на пациенти кои веќе се хоспитализирани од кои тројца се во потешка состојба, еден е во средно тешка и двајца пациенти се со лесна клиничка слика.

Слични содржини