Филипче: Техничката влада е светлина и единствена можност за чесни и фер избори

„Тие не ја сакаат Техничката влада затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите злоупотреби и целиот коруптивен систем кој што сега е поставен“, порача лидерот на СДСМ за власта

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Фејсбук/СДСМ

На денешната прес-конференција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче соопшти дека Техничката влада може да се укине само ако ние би биле зрело општество, што според Филипче, во моментов не сме. Тој тврди дека власта „агресивно ги стави канџите во сите институции и ги злоупотребува во свои политички цели“.

-Не смее да се укине Техничкатa влада затоа што е светлина и единствена можност за чесни и фер избори. Тие не ја сакаат Техничката влада затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите злоупотреби и целиот коруптивен систем кој што сега е поставен. Има огромен број на работи кои допрва ќе ги објавиме во јавноста. Техничката влада ќе значи отворање на Пандорината кутија за оваа власт, кажа Филипче.

Претседателот на СДСМ вели дека ќе ги поддржат сите реформски закони во Собранието, но информира дека премиерот Христијан Мицкоски не прифатил ниту една од нивните сугестии кои ги дале од нивната експертска група до Министерството за правда.

-Кога јас ги предлагав тие средби, ние не знаевме за криминалот и корупцијата кои што сега ги откриваме, не знаевме за мигрантите за пари и парите од Алта Банка и сомнителниот капитал…Откако тоа го обзнанивме, нема да има средба со криминалци и кои не блокираат на патот кон ЕУ. Нема средба со такви луѓе, рече, меѓу другото, Филипче пред медиумите.