Филипче: Убеден сум дека под водство на Трамп ќе се продлабочи стратешкото партнерство со САД

од Nikola Popovski
8 прегледи

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче му ја честиташе победата на Претседателот на САД, Доналнд Трамп.

-Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, му ја честитам победата на изборите на Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи. Северна Македонија и Соединетите Американски Држави имаат долгогодишни врски на пријателство и соработка, и верувам дека тие ќе се развијат уште повеќе, кон наш взаемен напредок и благосостојба, порача Филипче.

Претходно истото го стори и претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се надоврза на честитките од неговите колеги Виктор Орбан и Александар Вучиќ.

-Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави, порача премиерот.

Според Мицкоски, оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.

-Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи. Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион. Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ, стои во објавата на премиерот на социјалните мрежи.

Слични содржини