Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека вчерашната одлука на ЕП и усвојувањето на Извештајот се резултат на застранување на јасно утврдените стратешки позиции на државата и злоупотребата на Владата на јазикот и идентитетот за сопствена политичка кампања. Според Филипче, Извештајот не се однесува за македонскиот идентитет и јазик. Вели дека се заштитени и никој не може да ги допре или да им наштети.
-Вадењето на јазикот од Извештајот е пораз на владината дипломатија која не успеа да подобри ништо од позициите кои ги наследи туку како со булдожер си сруши. Тие ги срушија нашите европски перспективи и го изложија народот на потсмев, правејќи го целосен губитник. Нема Мицкоски кон кого да покаже со прст – ветуваше гордост, добивме понижување, рече Филипче од седиштето на неговата партија.
-Секогаш ќе има провокатори, работата е како ќе се справиме со нив. Не треба да се повлекуваме од договорите – тие се справат за да служат дека некои односи се надградуваат во духот на добрососедството и Европа. Ништо нема да направиме ако се повлечеме од некој договор. Треба да бидеме принципиелни и коректни. Наше е ние да покажеме дипломатско и фер однесување, додаде Филипче.
Тој информира и дека СДСМ бара отворено да се разговара на темата македонски евроинтеграции и дека се спремни да зборуваат за обединување. Најави дека пратениците од неговата партија ќе ги повлечат сите амандмани за Ребалансот на буџетот и ќе предложат сите средства кои се наменети за различни проекти да се пренаменат за поддршка и надградба на системот со справување со пожарите, односно да им се помогне на ЦУК и ДЗС.