Филипче: Вакцинација е единствен начин да го победиме вирусот и да се вратиме во нормала

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека процесот на масовна вакцинација ќе започне во понеделник во А1 Арената Борис Трајковски, а подготовките се во завршна фаза.

-Околу 4000 луѓе на ден во просек ќе се вакцинираат вкупно на сите пунктови низ државата, вклучувајќи го овој пункт за вакцинација. Благодарност до менаџментот на Салата Борис Трајковски посебно на компанијата А1 коишто ги ставија на располагање сите капацитети во смисла на тоа да се обезбеди бесплатно пристап до интернет, технички ги опремија пунктовите со лаптопи, принтери итн. и сето тоа го направија проактивно. Апелирам граѓаните активно да се вклучат во процесот на вакцинација затоа што тоа е единствен начин да го победиме вирусот и да се вратиме на нашите нормални навики, напиша Филипче.

Слични содржини