226
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информира министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук.
-Вкупно се аплицирани 219.977 дози вакцини, а ревакцинирани се 33.831 граѓани.Вчера вкупно се аплицирани 12.352 дози вакцини.Прва доза вакцина вчера примиле 10.179 граѓани.Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.793 граѓани.
Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација.Со последните бројки 43% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 33% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина, пишува Филипче.