Филипче: Владата со својот прв Буџет го крши законот и се задолжува над дозволените лимити

од Nikola Popovski
69 прегледи

„Владата уште со својот прв Предлог Буџет постапува незаконски и се задолжува над законски дозволените лимити. Имено, Владата проектира буџетски дефицит од 4% од БДП што е директно во спротивност на Законот за буџетите каде јасно стои дека дефицитот не смее да надмине 3% од номиналниот БДП“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција.

Тој додаде дека овие податоци укажуваат дека долгот ќе расте и дека предлог-Буџетот ја потврдува грижата дека оваа Влада е влада која планира да ги задолжи граѓаните за следните три поколенија.

„Владата предвидува раст на БДП од 3,7% за 2025 година кој нема да може да го оствари. Потврда за тоа се проекциите на Народната банка која растот го определи на 3,3% и попесимистичката проекција на Светска Банка од 2,5%. Владината проекција за висок раст на БДП поставена на нереална основа, и има за цел да оправда поголем дефицит. Ваквиот пристап ќе значи зголемување на јавниот долг без да донесе развој“, рече Филипче.

Тој додаде дека политиката на нови задолжувања со ваков буџет е веќе загарантирана, а растот и продуктивноста ќе бидат на минимум.

Слични содржини