Филипче: Власта ги обвинува родителите од Кочани дека биле инструмент на некоја партија и ги нарекуваат со погрдни зборови

од Nikola Popovski
16 прегледи

Бевме внимателни. Бевме емпатични кон луѓето и родителите во Кочани. Им се наоѓавме, прашувавме што и да треба, и сѐ што можевме – помогнавме. Во ниеден момент не ја политизиравме трагедијата, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче на партиска трибина.

Според него, најголемата опозициска партија покажала што значи да се биде политички субјект која делува одговорно.

-Не сакавме, буквално со ништо, по трагедијата да извлечеме каква било политичка корист. А што направи власта? Прво не испорача правда. Понатаму не испорачува здравствена услуга и грижа. Не обезбеди финансиска поддршка и не прифати закон за Кочани, додал Филипче.

Според него, власта почнала да ги обвинува родителите дека биле инструмент на некоја политичка партија.

-Тие луѓе, коишто не спиеле со недели, шокирани од она што им се случи – ги нарекуваат со погрдни зборови, за кои ви гарантирам дека дури и не знам што значат. Во таква ситуација, врв на безчувствителност е – на денот кога родителите протестираат – да организираш настан на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и да запалиш пиротехнички средства, оценува претседателот на СДСМ.

Слични содржини