109
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вчера од Гевгелија порача дека огромно е разочарувањето на граѓаните од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Според претседателот на партијата, причините се неисполнети ветувања, катастрофа во економијата, пад на животниот стандард на граѓаните, секојдневни скандали кои ја тресат власта, блокирана иднина на државата.
-Последните две анкети кои што се направени и завршени пред неколку денови покажуваат пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ од 100.000 гласа споредено со ланските избори, истакна Филипче на работен состанок со општинската организација на СДСМ од Гевгелија.