Филипче во посета на Јота: Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил соопшти дека попладнево го посетил доктор Ѓорѓи Јота и дека тој во моментов е  во стабилна состојба.

-Состојбата на колегата Ѓорѓи Јота кој беше силно удрен од автомобил е стабилна во моментов. Попладнево бев на увид и поразговарав со докторите кои будно ја следат неговата состојба. Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна, напиша Филипче.

Од МВР информираа дека вчера бил удрен пешак, кој поради сериозноста на повредите е префрлен на скопските клиники.

– На 25.02.2021 во 20.30 часот било пријавено дека на крстосницата од булеварот Мајка Тереза и улицата Елисие Поповски-Марко патничко моторно возило БМВ Х6 со скопски регистарски ознаки управувано од 16-годишник удрило во Ѓ.Ј. (58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од министерството.

Слични содржини