Филипче: Возачот на автобусот донел нови патници од Италија

од Берта Китинска
201 прегледи

Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека се пронајдени сите патници од автобусот со кој патувале двајцата заболени од коронавирусотека.

-Во автобусот имало 28 патници.Возачот повторно заминал на тура за Италија и се вратил со нов автобус, но од пред половина час тој се наоѓа на Табановце, каде што ќе биде прегледан и тестиран.Автобусот е тргнат на страна, изјави Филипче.

Од Општата болница во Дебар потврдија дека сопружниците кај кои е констатиран корона вирусот се од општина Центар Жупа, соседна општина на Дебар.

– Во нашата болница се јавија во четвртокот, по што поради симптомите веднаш беа изолирани, а во петокот им е земен брис, по што анализите покажаа присуство на корона вирус. Синоќа со специјално возило се транспортирани во Скопје. На сите простории каде што тие се движеа извршена е дезинфекција. Засега други сомнителни случаи нема, вели директорот на болницата Баки Халили.

Додава дека во институцијата строго се почитуваат сите препораки на Министерството за здравство.

Слични содржини