Секогаш кога премиерот ќе се најде во ситуација да не може да изменаџира и да не може да најде решение за проблемот, се некој друг му е крив. Изминативе 15 месеци прво имаше следење од дронови, обиди за дестабилизација, хибридни напади, сега нешто организирано се случува од разни странски центри на моќта…Мислам дека ниту еден премиерот досега не се осмелил вака да ја злоупотребува ситуацијата во однос на бзбедносната сфера на земјата. Од Владата не видовме предлог-решение на проблемите, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче за ситуацијата по пожарот во Трубарево и пораките на премиерот Христијан Мицкоски.
Филипче смета дека доколку е точно тоа што го кажува премиерот и сме под закана за хибридни напади, требаше да се заседава Советот за безбедност и на терен да излезат Армијата и министерот за одбрана.
-Требаше да се извести НАТО како наш стратешки партнер…ама ништо од тоа не се случува. Сето ова на што премиерот се вади е само една ПР-драма. Нема никаква акција да се решат проблемите и ова е доказ за дилетантско водење на државата. Овој тим нема капацитет да ја води државата како што треба, додаде Филипче на прес-конференцијата пред седиштето на СДСМ.