Филипче за модуларните болници: Без нив ќе ни се случеше италијанско сценарио

од Nikola Popovski

Без модуларните ковид-болници немаше да се справиме адекватно со пандемијата и ќе имавме италијанско сценарио, вака одговори министерот за здравство, Венко Филипче на денешната конференција, одговорајќи на новинарски прашања во врска со трагедијата во Тетово.

Според него, само отворање на модуларните болници е решение во време на пандемијата.

-Директорот на тетовската ковид-болница рече дека се е во ред со инсталациите во болници. Тој е концепт што го користи цел свет, информира Филипче и додаде дека апсолутно ги преземале сите мерки и ги задолжиле сите директори каде што има модуларни болници да направат контрола.

-Не известија дека се проверени сите инсталации, целокупниот персонал дали се однесува согласно упатството кое е дадено на примопредавањето и сите потврдија дека тоа е во најдобар ред, рече министерот.

Слични содржини