Филипче за најавениот протест: Се надевам дека организаторите ќе го откажат, засега нема да го скратиме полицискиот час, треба да издржиме уште малку

од Берта Китинска
163 прегледи

Во врска со најавениот протест за 17 мај пред Владата од 12 до 14 часот, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека се надева дека истиот ќе биде откажан.

-Искрено се надевам дека граѓаните се свесни дека овие рестриктивни мерки како затворениот викенд за Велигден, скратениот полициски час, во изминатите викенди придонесоа за намалување на бројката на заболени. Сакам да им честитам на граѓаните кои помогнаа, во оваа ситуација. Засега нема да го скратиме полицискиот час, треба да издржиме уште малку. Се надевам дека  организаторите на протестот ќе го откажат сакам да разговарам за да видам зошто тоа би го направиле. Ако дојде до ваков протест верувам дека надлежните институции ќе реагираат и тоа ќе биде на дистанца со носење маска, изјави Филипче.

Слични содржини