Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната конференција посветена на ретроспективата од почетокот на пандемијата од коронавирусот соопшти дека со сите воведени мерки од почетокот како рестрикција на движење, организацијата на производствените капацитети, сето ова дало резултати и влијаело на линеарниот раст на бројот на заболени од Ковид 19.
-На почетокот во борбата со коронавирусот имавме многу малку информации за него. Термалните камери кои што беа поставени на аеродромот ја немаше ни во Брисел, ни во Истанбул бевме први кои ги воведовме и сето тоа се должи на искуствата од Комисијата на епидемиолозите. На крајот на февруари беше регистриран првиот пациент, поточно жена која се врати од Италија. Водени од искуствата на другите земји Инфективна клиника, беше задолжена за примање на пациентите, во очекување на зголемен број на пациенти ние додадовме кревети како и беше подигната мобилната болница. Со сите мерки од почетокот како рестрикција на движење, организацијата на производствените капацитети сето ова даде резултати влијаеше на линеарниот раст на бројот на заболени од Ковид 19. Овој проблем ќе донесе трајни промени и во здравствените системи .Ќе ги зголемиме обврските на матичните доктори така што откако ќе се олабават мерките, да бидеме подготвени на секундарниот удар. За неколку недели откако мерките ќе се прекинат ќе треба да се навикнеме на новиот начин на однесување и живот, ќе почнат со работа кафулињата каде ќе мора да се практикува држењето на растојание, изајви Филипче.