Филипче за Николоски: На 24 години стана пратеник и единствено заработувал од даноците на граѓаните, со друго не може да се пофали

од Nikola Popovski

За очекување е дека Александар Николоски не може да разбере што значи кога луѓето се задоволни од твојата работа, тој впрочем никогаш ништо не работел. Откако на свои 24 години станал пратеник и политичар единствено заработувал од даноците на граѓаните и со друго не може да се пофали. Во дваесетина години колку што е во политиката никој не памти ниедно позитивно дело на Александар Николоски, реагира екс-министерот и носител на пратеничка листа на СДСМ, Венко Филипче кон потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Филипче, „Николоски е еден од најодговорните за директно лажење и манипулирање со граѓаните за време на ковид кризата“.

-Преку свесно плашење на и онака исплашените граѓани, тој имаше единствена цел политички да профитира. Е тоа е злоупотреба. Николоски е единствен политичар, кој ни помалку ни повеќе, го имаат демантирано Обединетите нации во неговиот занес на лаги. Додека ние секојдневно се обидувавме да ги смириме луѓето, додека со целиот тим во клиниките се боревме за секој живот, Николоски коваше планови како да смисли нова манипулација за прес-конференција. Тоа е неговиот придонес, објасни носителот на пратеничката листа во ИЕ4.

Синоќа во гостувањ на дебатна емисија, Николоски за Филипче истакна дека за изборна кампања злоупотребува човечки судбини и здравјето на граѓаните кои некогаш му биле пациенти, со тоа што, како што рече, им оди во посета на нивните домови и потоа слики постира на социјалната мрежа Фејсбук.

Николоски истакна дека лекарите не им вршат услуга на граѓаните кога ги лекуваат, тие пред се лекуваат со Хипократова заклетва и заради тоа лекувањето не треба да се пренесе на во политиката злоупотребувајќи ги за изборна кампања.

-Нечесно е да се злоупотребуваат човечки судбини и пациенти. Гледам оди по семејства кои што имаат болни или имале болни, се слика со нив и го објавува тоа на Фејсбук. Извинете, ама тоа е дно. Нема друг израз, затоа што докторите лечат со Хипократова заклетва да ги лекуваат оние на кои што им е најпотребно, не им вршат услуга. Затоа што во Македонија се создава впечаток дека кога доктор лекува некого, му прави услуга и сега тоа треба да се пренесе во политиката. Не треба да се злоупотребуваат човечки судбини за политичка кампања, кажа тој.

Николоски е директен ривал на Филипче во ИЕ4.

Слични содржини