Филипче за препирката со Пендаровски: Секој треба да го искаже својот став

од Берта Китинска
162 прегледи

На прашањето дали се нормализирал односот со шефот на државата, Стево Пендаровски,  по вербалната препирка пред извесно време, министерот  за здравство Венко Филипче вели дека нивните односи се сосема нормални.

-Од секогаш сме имале добри односи.Вербалната препирка е добра и здрава да се размената мислења и секој да може да ги каже своите ставови, изјави Филипче во интервју на „360 степени“.

На прашањето дали имаат разговарано по вербалната препирка, Филипче изјави дека тие се во имаат разменето пораки  и дека имаат комуникација во однос на имунизацијата.

-Јас не гледам причина да немам комуникација ниту пак тоа е манифестација, дека тоа е некакво нарушување на односи. Мислам дека секој во јавноста треба да има право и можност да го каже своето мислење. Такво конфронтирање е здраво и на крајот од таква работа секој може нешто и да научи,рече Филипче.

Слични содржини