Филипче за протестот на превозниците: Николоски како независен аналитичар вели дека ќе крахира економијата и не презема ништо

„Владата неподготвена – нов удар врз превозниците и економијата“, рече Филипче

од Nikola Popovski
25 прегледи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седма седница на Националниот совет за евроинтеграции, потенцираше дека граѓаните повторно ќе го платат цехот и ќе ги почувствуваат последиците од лошите политики на Владата.

Тој, порача дека утре граѓаните и економијата конкретно ќе го почувствуваат ограничувањето на движењето на нашите превозници со воведувањето на новиот електронски систем од Европска Унија.

„Ќе крахира економијата што би рекол еден независен аналитичар и со тоа упатува сериозна порака до еден министер вицепремиер во владата којшто треба да се занима со тоа и којшто не требал да доведе или требал да направи нешто да тоа не се случи, а тој независен аналитичар се вика Александар Николоски. Предупредува дека ќе крахира економијата, внимавајте кога над 60, 70% од нашата економија, извозот и увозот, посебно, поединечно се врзани со земји членки на Европската Унија. Граѓаните по којзнае кој пат ќе го платат цехот и цената на овие лоши владини политики“, рече Филипче.

Македонските транспортери заедно со колегите од балканските држави ги блокираат граничните премини што водат кон Шенген-зоната во знак на протест поради начинот на кој со новиот систем се регистрираат за престој во државите во Европската унија. Итно бараат решение. Превозниците со камиони затворија девет премини за излез од државава.