Филипче: За прв пат во нашата држава се одобрува лекот Рисдиплам за возрасните пациенти со СМА

од Берта Китинска
299 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека за прв пат во Македонија се одобрува лекот Рисдиплам за возрасните пациенти со СМА.

„Славица е храбра жена чиј животен пат не е лесен. Кај неа уште од дете е дијагностицирано автосомно ресецивно заболување спинална мускулна атрофија. За пациентите како Славица во изминатите години направивме многу. Во тек е постапка за регистрирање на нејзината состојба во регистарот за ретки болести, за да може да го добие лекот Рисдиплам. Овој лек за првпат се одобрува во нашата држава за возрасните пациенти со СМА. Сите пациенти со дијагностицирана спинална мускулна атрофија сега се згрижени со терапија. На Славица и посакувам се најдобро, верувам дека со новите достапни лекови нејзиното здравје значително ќе се подобри“, посочи Филипче.

Слични содржини