Филипче за руската вакцина: Се уште е рано да заземеме став

од Nikola Popovski

Министерот Венко Филипче, на новинарско прашање што мисли за руската вакцина против Ковид-19 и дали како земја ние би се пријавиле за нејзино користење, наведе дека како министерство се уште немаат доволно информации за нејзината употреба и ефикасност.

„Не знаеме до каде е во фазата на изработка, но дел од членовите на секторот кој што се занимава со имунизација во Министерството за здравство веќе презема активности, за тоа каква вакцина станува збор. Тие се во тек и со процесот на развој на вакцини на близу 100 компании во светот кои работат на тоа. Се уште немаме став околу руската вакцина“, рече Филипче во изјава за телевизија Сител.

Слични содржини