Филипче за вратениот аванс за кинеските вакцини: „Тоа го направивме за наша сигурност“

од Vladimir Zorba

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека е вратен авансот за кинеските вакцини поради „наша безбедност“, додавајќи дека тоа не значи дека тие нема да пристигнат во државава.

„Постапката трае подолго од тоа што ние очекувавме, но тоа е случај и со други земји“, потенцираше тој за Канал 5 и вети дека баскоро ќе пристигнат вакцините и дека преговорите со нив се во завршна фаза.

Филипче исто така рече дека одлично се одвива и процесот на имунизација, а очекува до следната недела да бидат вакцинирани над 4.000 лица кои директно се вклучени во работата со коронавирусот.

Слични содржини