Филипче: Заболените од коронавирусот пристигнале од северна Италија, од автобусот се симнале патници во Куманово, Скопје и Дебар

од Viktor Jovanov
175 прегледи

Има два нови случаи на коронавирусот, тоа се двајца сопружници од Дебар на 62 и 68 годишна возраст. Стигнале во Македонија од северна Италија на 27 февруари. После влезот на границата, од автобусот се симнале патници во Куманово Скопје и Дебар. Патниците немале симптоми. Но на 2 март се јавиле на матичниот лекар со лесни симптоми и биле вратени на домашно лекување. Но денеска се однесени во болницата во Дебар. Земени се брисеви и беа направени тестовите кои излегоа позитивни, информираше министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната вонредна прес конференција.

-За време на престојот дома двајцата заболени имале контакт само со братот на жената. Моментално се прави интервју од епидемиолозите дали само тој човек треба да биде ставен во изолација или и членовите на неговото семејство. Вечерва пацинетите ќе бидат пренесени со специјалниот транспорт во инфективната клиника каде дежурната екипа е подготвена да ги пречека. Имаат лесна форма на воспаленост на респираторниот систем, вели Филипче.

Министерот за здравство додаде дека најдени се имињата и матичните броеви на сите патници од автобусот.

-Се прави моментално идентификација на останатите патници. Во текот на утрешниот ден по лоцирањето на патниците истите ќе бидат интервјуирани и согласно нивната состојба и податоците и анализа на контактите ќе бидат преземени соодветни мерки, рече Филипче.