239
Министерот за здравство Венко Филипче, по изборот за нов претседател на СДСМ се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.
-Му благодарам на досегашниот претседател Зоран Заев за честа и довербата која ми ја укажа да бидам потпретседател на СДСМ. Особено ми е драго што имав можност да соработувам со него во време кога ги решаваше најважните и најтешките прашања во нашата земја. Тој е лидер од кого многу може да се научи за грижата, посветеноста и љубовта кон татковината.
Честитки за изборот на Димитар Ковачевски, му посакувам успешна работа и многу победи за партијата. Верувам дека има знаење и мудрост да се справи со сите предизвици и да го обедини членството, напиша Филипче.