Филипче: Здравствената состојба на сите 7 пациенти позитивни на коронавирусот е стабилна

од Берта Китинска
296 прегледи

Здравствената состојба на сите 7 пациенти кои се позитивни на коронавирусот и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна.

-Претпладнево ќе одржиме состанок со Комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со корона вирусот. На средбата ќе се дискутираат и евентуални нови засилени мерки за заштита на населениото и превенција од понатамошно ширење на вирусот кои Комисијата ќе ги достави како предлог до Владата.Препораките ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а одлуката на Владата ќе биде соопштена на прес-конференција веднаш по завршувањето на седницата, напиша на својот Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Слични содржини