272
Секој од нас може да спречи насилство, а жртвите на родово базирано насилство, жени и девојчиња, мора да знаат дека не се сами, пишува на својот Фејсбук профил, министерот за здравство Венко Филипче.
-Давам поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ која има за цел да ја подигне јавната свест за важноста на индивидуалниот, но и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство. Само заедно можеме да се избориме против молкот и стигмата, но и да обезбедиме поддршка, заштита и сигурна средина која ќе ги охрабри жртвите да проговорат гласно и да кажат не за насилството, пишува Филипче.