Филипче: Знам дека луѓето сакаат да патуваат, но не им препорачувам

од Aleksandar Petrovski

Со оглед на тоа дека Грција и Црна Гора не ги отвораат границите за граѓаните од Македонија, во Бугарија можат да одат само со ПЦР тест, а Албанија не бара ништо, сепак, министерот за здравство Венко Филипче не препорачува патувања.

Тој во „Само вистина“ рече дека не им препорачува на граѓаните да патуваат на одмор во некоја од соседните земји, па ни подалеку, затоа што не се знае ситуацијата таму.

– Не се грижам за границите воопшто, дали некој ќе ги отвори за нас или не. Летото ќе помине, знам дека  луѓето сакаат да патуваат, но не им препорачувам – вели Филипче.

Слични содржини