Филипиду: Очекуваме интензивирање на напорите за целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Софија Филипиду.

Амбасадорката Филипиду оцени дека интензивирањето на билатералните средби на високо ниво е доказ за зголеменото зближување меѓу двете држави.

„Грција е силно посветена на унапредување на севкупните односи и искреното пријателство со Република Северна Македонија. Оттука, очекуваме интензивирање на напорите за целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа. Ја поздравуваме Северна Македонија за одржувањето на првата меѓу-владина конференција што го отвори патот на европската интеграција. Грција отсекогаш ги поддржувала и промовирала европските амбиции на Западен Балкан, вклучително и на Република Северна Македонија и е подготвена да ја обезбеди својата експертиза за олеснување на процесот”, рече амбасадорката Филипиду.

Пендаровски на амбасадорката Филипиду и посака успешно извршување на значајната функција.

Слични содржини