Филиповски: Ќе ставам крај на урбанистичкиот хаос во Аеродром

од Nikola Popovski
311 прегледи

Цел живот сум го поминал во Аеродром, ја знам секоја улица и секое ќоше и ги знам суштинските проблеми на граѓаните на Аеродром, вели кандидатот на СДСМ за градоначалник во општина Аеродром, Александар Филиповски за емисијата „Топ тема“.

Според него, тој има решенија кои нудат излез од ова секојдневие.

-Сум сигурен дека со граѓаните ќе го одбереме најдоброто за општината. Како клучен цел ми е да ставам крај на урбанистичкиот хаос во општината, посебно делот на Стар Аеродром. Сите овие години, градењата се водеа по ДУП-ови кои се носени во времето на ВМРО-ДПМНЕ, вели Филиповски.

Слични содржини