Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

„Недостасуваат судии, обвинители, судска служба, јавнообвинителска служба, записничари, информатичари. Нема соодветна опрема, просторни услови, средства за спроведување на процесот на дигитализација.“

од Vladimir Zorba
15 прегледи Фото: Фејсбук

Во однос на констатциите на Европската комисија дека судството се соочува со недостиг на кадар и финансиска независност ,министерот за правда Игор Филков вели дека тоа се реални проблеми, кои не се решаваат со едноставна административна одлука, туку бараат системски пристап, долгорочна стратегија и координација меѓу сите институции.

„Недостасуваат судии, обвинители, судска служба, јавнообвинителска служба, записничари, информатичари. Нема соодветна опрема, просторни услови, средства за спроведување на процесот на дигитализација. Министерството за правда е свесно за истите и токму затоа изготвени се и пуштени во владина процедура законски решенија за судска служба и јавнообвинителска служба. Паралелно се работи и на Закон за судови, Закон за судски буџет и Закон за Академија за судии и јавни обвинители, со цел сеопфатно да се создаде соодветна правна рамка за надминување на недостатокот на судии, обвинители и нивните стручни служби“, порача тој.

Но исто така, вели тој, „мора да кажеме нешто што често се премолчува“.

„Финансиската независност не значи финансиска неограниченост. Таа мора да оди заедно со одговорност, транспарентност и рационално трошење. Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати – побрзи постапки, поголема доверба и повисок квалитет на судските одлуки“,потенцира министерот за правда Игор Филков во интервју за МИА.

Слични содржини