Еден од највлијателните режисери во Европа е шведскиот филмаџија Рој Андерсон. Познат по пиктуралното портретирање на околностите и рефлексиите во општеството, Андерсон не го штеди скандинавскиот апсурд, емоција, посакување, но и отуѓеност. „Ти, Животе“(2007) е одлична филмска драма, комедија која изобилува со естестки решенија, надвор од кадарот, или поточно нештото што во гледачкото искуство има секундарна намера.

Моќниот израз на Андерсон не учи нешто друго, тоа што во филмот не е очигледно, тоа станува важно, или реално- виртуелно реално. Искуственото е постојано присутно, а кинематографските решенија се обликувани афекти предизвикани од статистите кои постојано создаваат движење.
Препорачао од филмофилското искуство на Локално.мк./В.К